На отворено, вака Театар Комедија почна со проби од вчера. Се подготвува претставата „Си беше еднаш“ во режија на Синиша Евтимов.
Кон крајот на септември следува премиера, а Театарот започнува и со репертоар според сите мерки и протоколи.
Наскоро, театарот ќе ги отвори и вратите на новата сцена „Двор“, а во очекување е и традиционалниот фестивал „Гола месечина – кон крајот на месец септември.