Премиерот гледа ли? Секој ден има нов сериозен аргумент дека Владата не треба да го даде ХЕЦ „Чебрен“ под концестија

Замислата на Владата дефинитивно да склучи договор со грчка фирма со кој ќе го даде под концесија на дури 60 години најголемиот хидроенергетски проект во Македонија „Чебрен“ за многумина во земјата е неприфатливо. Скоро сите универзитетски професори и експерти од областа на енергетиката веќе месец дена наведуваат сериозни аргументи зошто тоа не треба да се случи. Аргументите секојдневно се зголемуваат.

Вчера Здружение на инженери укажа дека и од правна гледна точка тој договор не смее да се случи. Велат – истечен е рокот за склучување на договор за ХЕЦ „Чебрен“.

-Ваквиот став го темелиме врз основ на роковите определени со точката 5 на Одлуката на Владата за избор на најповочна понуда за доделување на концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна река (Службен В. на Р.М. бр: 192/2023 од 14.09.2023). Оваа одлука е влезена на сила на 15 септември 2023 година, а согласно точката 5 од истата, најповолниот понудувач ППЦ-Архиродон беше должен во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на оваа одлука (15 декември 2023 година), да склучи договор за заедничко вложување и да основа Друштво за посебна намена со Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, се објаснува во соопштението.

Здружението додава дека со оглед дека рокот предвиден со оваа Одлука е истечен, смета дека било каков Договор веќе не може да се потпишува.

Што ќе направи Владата?

Останува да се види и што ќе направат други надлежни државни институции до кои деновиве експерти поднесоа и преставка. Во соопштенито се наведува дека претставката се доставува до Уставен суд, Државно правобранителство,  Државна комисија за спречување на корупцијата, Државен завод за ревизија, Јавно обвинителство и Биро за јавни набавки.

-Претставката ја поднесовме поради сомневање дека со општите акти на Владата во постапката при подготовката и реализацијата на јавниот повик за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија со изградба на хидроелектрични централи на Црна Река се направени бројни суштински, правни, економски и стручно-научни недостатоци, се наведува во информацијата.

Брзо ли ќе се процесуира преставката?

Министрите сосе премиерот треба да ја подзакочат својата намера. Време е посериозно да одговорат на прашањата кои се наметнаа:

  1. Зошто Владата за сетиот овој проект се води по застарена странска студија која не одговара на денешните технички достигнувања?
  2. Зошто Македонија самата не го изгради ХЕЦ „Чебрен“ кога веќе пумпаат огромни државни буџети? 
  3. Зошто „Чебрен“ се дава на дури 60-годишна концесија, кога е јасно дека по 50-тина години таа ќе биде крајно амортизирана и Македонија ќе мора скапо да ја поправа? 
  4. Треба ли на странци да се подари ХЕЦ „Тиквеш“? Зошто би се дало нешто на поклон ако сега годишно на Македонија и произведува од 120 до 150 гигават часови електрична енергија?
  5. Што прифати Владата – Македонија да добива 33 проценти од произведената струја или 33 проценти од профитот кој странците ќе го покажат?
  6. Колку пари во сето ова ќе даде Македонија ако се знае дека же се прават пристапни патишта, трафостаници…?
  7. Кога Владата ќе ја покаже пресметката (која би морало да ја има) околу тоа колку Македонија ќе заработи од овој проект?

Прашањата се јасни. Плус, премиерот има искуства во енергетиката. Многу е важно да се одговори на дилемите. Не е добро да се избрза и да се остави големо бреме дури и на идните генерации кои уште не се родени, оти објектот ќе се гради минимум 10 години, а потоа 60 години ќе остане во странски раце.

 

 

Претходна вестПретрес во скопски Чаир, уапсени две лица поради дрога
Следна вестЦУК: Прв ангажман на медикоптер во спасителна акција