Претепан уредникот на „Буревесник“, Зоран Божиновски

Претепан новинар во Битола. Имено вчера бил нападнат од неколку лица новинарот Зоран Божиновски кој е уредник на порталот „Буревесник“. Насилничкиот напад се случил пред неговата куќа во Битола.

Божиновски со крвави повреди на главата бил пренесен во битолската болница.

Како што пренесува порталот „Плусинфо“ на новинарот му е скршен носот, а има и други повреди на главата. Напаѓачите најверојатно биле вооружени со метални боксирачи на рацете.

И МВР го потврди инцидентот:

-На 25.10.2022 во 20.42 часот во СВР Битола, П.С. од Битола пријавила дека на ул.„Кочо Рацин“ во Битола нејзиниот сопруг З.Б. бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Утрово Божиновски бил пуштен на домашно лекување.

Претходна вестПриведени насилници кои со нож повредиле скопјанец
Следна вестДојави за подметнати бомби прекинаа настава во пет скопски средни училишта