Претепан возач на автобус на ЈСП во центарот на Скопје

Нападнат возач на ЈСП во Центар. Имено, управувач на автобус на ЈСП бил претепан од едно лице со употреба на тврд предмет.

Синоќа во 20.50 часот во СВР Скопје, А.З.(47) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како возач на автобус на ЈСП, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило тврд предмет.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото – архива

Претходна вестТепачка меѓу малолетници во скопски Аеродром
Следна вестКатица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа на САД поради корупција