Тепачка меѓу малолетници во скопски Аеродром

Вчера во Полициската станица Аеродром во Скопје, З.П.(55) и Н.К.(43), двајцата од Скопје, пријавиле дека на 16.03.2024 околу 23.50 часот на булевар „Јане Сандански“ во Скопје нивните малолетни синови биле физички нападнати од неколку малолетници, од кои еден познавале, а кој употребил тврд предмет.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестДисциплинска за четворица полицајци, не реагирале на лица кои мавтале и се снимале со пиштоли
Следна вестПретепан возач на автобус на ЈСП во центарот на Скопје