Хоспитализирана 71-годишна жена, jа нападнале две лица

Полицијата извести дека во Скопската полиција бил пријавен напад на 71-годишна жена.

Од Градската општа болница „8 Септември“ десет минути по полноќ било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош дошла 71–годишна жена од Скопје.

-Според пријавеното, таа се здобила со повреди на 27.03.2024 околу 20.30 часот при физички напад од лицата Ф.Г. и М.Н., информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестБез струја дел од Карпош
Следна вестНема подолги задржувања за влез и излез од државата