Во Скопје, денеска времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде околу 13, а дневната ќе достигне до 31 степен.
Слично време и цо останатиот дел од државата. Во утринските часови во западните делови од Македонија ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 24 до 33 степени, jави УХМР.
Во понеделник ќе биде стабилно со благ пад на дневната температура, додека во вторник кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд. Температурата дополнително ќе опадне уште за неколку степени.