Претпладне локални дождови, попладне сонце

Претпладне на места ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд со ретки грмежи. Попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието. УВ=7. Утринските температури ќе се движат од 13 до 20 степени, а максималните дневни ќе достигнат 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.

За утре се најавува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи.

Во следните денови ќе настапи делумно стабилизирање на времето. Ќе преовладува сончево и топло време, но во попладневните часови ќе има услови за појава на ретка изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Претходна вестВучиќ: Денеска во Брисел уште еднаш ништо не се случи
Следна вест180 сообраќајни прекршоци во Скопје, 19 возеле без возачка дозвола