180 сообраќајни прекршоци во Скопје, 19 возеле без возачка дозвола

На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои и 19 мерки за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

За возење повеќе од дозволената брзина имало 25 санкции а шест за користење на мобилен телефон.

-Изречени се и 30 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 10 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, 15 за технички неисправни и нерегистрирани возила…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

Претходна вестПретпладне локални дождови, попладне сонце
Следна вестМакрон: Ќе разговараме со Северномакедонците, а храброста на Заев…