Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево цреме со умерена облачност. Попладне облачно, а во вечерните и ноќните часови со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, најавуваат метеоролозите. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде околу 10, а дневната ќе достигне 24 степени.
Во останатиот дел од Македонија времето претпладне сончево со умерена облачност, освен на крајниот југоисток каде ќе биде облачно со повремен локален дожд. Попладне, во вечерните и ноќните часови облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови зоната на врнежи ќе се прошири во целата земја. На повеќе места се очекуваат обилни врнежи, а локално во текот на ноќта ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а дневната од 20 до 25 степени.
Во вторник претпладне се уште ќе има врнежи од дожд, кои во источните делови ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Преодно стабилизирање на времето ќе има во среда, а нов влажен бран се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок.