Промоција на „Класифицирано“ на Лидија Пандева, утре во МКЦ

Утре со почеток во 19 часот во Младинскиот културен центар ќе се одржи промоција на збирката раскази „Класифицирано“ од Лилјана Пандева.

Лилјана Пандева е родена во 1964 година во Ново Село, Струмица. Таа е дипломиран професор по литература и македонски јазик и доктор по филолошки науки.

Нејзини досега објавени дела се: драмолетите за деца „Новогодишни едночинки“; расказите „Канцелариски колумни“; стихозбирката „Љубов од А до Ш и обратно“; романите „Од агендата на Калина Калин“, „Возовите на Луцерн“, „Доилката“ (добитник на наградата „Стале Попов“) и „Дневници на една љубов“. Нејзините дела се преведени на германски, на српски и на руски јазик.

Претходна вестЗагадувањето почна, надлежните и натаму „во лер“
Следна вестПретпладне сончево, попладне облачно, вечерва дожд