Претпладне сончево, попладне дожд

Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен и северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.

На останати подрачја во Maкедонија времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во четврток и петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и ќе дува засилен западен ветер. Влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава се очекува во сабота. 

Претходна вестЧетири часа полициски час кога и онака сите спијат, ама маски на отворено ќе се носат
Следна вестВо петок пристигнуваат 38.400 вакцини од „АстраЗенека“, доволни ли се за ревакцинацијата?