Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведени две лица

Полициски службеници ги привеле И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид поради дрога.

„На 25.11.2021, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, ги лишиле од слобода И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и повеќе банкноти денари и евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело“, информираат од МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестАктуелните правила за патување во Грција продолжени за уште една седмица
Следна вестВладата се подзамисли за мерките на Филипче, ќе смени нешто или само ја одложи одлуката?