Претседателскиот Кабинет дообјаснува: Пендаровски не рекол дека нема да се кандидира пак

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска изјавил дека се уште не размислува за втор претседателски мандат, а не дека воопшто нема да се кандидира. Ова е дообјаснување кое попладнево дојде од Кабинетот на шефот на државата откако во медиумите се проширија информациите дека тој нема да се кандидира за втор мандат.

Од Кабинетот на претседателот дообјаснија дека изјавата на Пендаровски, всушност, била дека сега не размислува за повторна кандидатура и дека има време кога ќе соопшти дали ќе оди на втор мандат.

-Тој само кусо одговори „не“ на новинарско прашање – дали размислува за втор мандат – без да образложи и без да открие повеќе детали. Изјавата на Пендаровски, всушност, била дека сега не размислува за повторна кандидатура и дека има време кога ќе соопшти дали ќе оди на втор мандат, изјавија од Кабинетот на Пендаровски.

Денеска, при учеството на Пендаровски на отворениот форум за антикорупција во Скопје на новинарско прашање дали размислува за втор претседателски мандат тој кусо одговори со „Не“.

Претходна вестЖена камшикувана затоа што имала односи пред брак
Следна вестДоделени годишните награди за најдобри просветни работници на Град Скопје