Пријава против 19-годишник од Скопје поради обид за убиство

СВР Скопје-Единица за насилен криминал до Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Х.С.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид, казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

На 16.04.2020 во атарот на село Петровец, пријавениот, по претходна вербална расправија поради фамилијарни проблеми и нетрпение, со тврд предмет го нападнал Е.Л.(39) од Скопје, по што со пиштол испукал неколку куршуми кон него,соопшти полицијата.

Претходна вестОграбена спортска обложувалница во Скопје
Следна вестДали трите нови возила на „Дрисла“ ќе ги исчистат депониите кај Маџари, Карпош, Ѓорче Петров, на кеј на Вардар…?