Полициски службеници привеле едно лице, кое во 10:32 часот во СВР Скопје телефонски пријавило дека при посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата.
Од МВР информираат дека преземени се потребните мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна.
МВР попладнево соопшти дека се работи за лице со иницијали И.М. кое е приведено и задржано во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител, ќе следи натамошна постапка.