Вчера во 09.45 часот на најпознатата битолска улица Широк Сокак, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола привеле 53-годишно лице од Прилеп, со живеалиште во Битола. Кај него била пронајдена и одземена артилериска граната калибар 75 мм од Првата светска војна, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
– Гранатата била предадена во Дирекцијата за заштиата и спасување за понатамошна постапка, се вели во полицискиот билтен на МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.