Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки

Приведен е жител на прилепско село осомничен дека ги силувал малолетните ќерки, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 27.06.2024 во 17.15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Р. (36) од прилепско село.

-Постапено е по претходна пријава од малолетничка од прилепско село, која во присуство на социјален работник и нејзината мајка пријави дека во временскиот период од 2021 година до вчера нејзиниот татко А.Р. неколку пати извршил обљуба врз неа и нејзината сестра. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Претходна вестИменувања: Елена Петрова на чело на УЈП, Бобан Николовски во Царина, Александар Јанев директор на Бирото за јавна безбедност…
Следна вестМАЕИ: Не го признаваме пописот во Албанија, бројките за македонското малцинство се манипулирани и фалсификувани.