Прилепчанец упатувал заканувачки пораки на странска амбасада

Четириесет и седумгодишен прилепчанец доби кривична пријава бидејќи упатувал заканувачки пораки на странска амбасада.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против С.Т.(47) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 16.05.2024 од странска амбасада било пријавено дека пријавениот упатувал навредливи и заканувачки содржини, информираа од полицијата.

Претходна вестРадев обвини дека Македонија води политика против европските принципи, Мицкоски му одговори дека поминаа времињата на политичари кои виткаа кичма и коленичаа
Следна вестЕкипа на Итна медицинска помош и пациент се заглавиле во лифт во Кисела Вода