Целосно сочувана икона на Исус Христос затекнале прилепските пожарникари при интервенцијата за гаснење на пожарот во една викендица-работилница во Прилеп. Територијална противпожарна единица на Прилеп овој настан го споделија и на својата страница на социјална мрежа Фејсбук. Се работи за интервенцијата којашто се случила синоќа откако ја добиле дојавата за пожар.
-Ноќеска во ТППЕ Прилеп е пријавено пожар на викендица – работилница во близина на Прилеп. Екипи од ТППЕ интервенираа на пожарот, при што пожарот за брзо време бил локализиран а потоа и целосно изгаснат. При интервенцијата од наша страна е приметен еден настан кој сакаме да го споделиме со вас… Имено од пламените јазици е изгорен – оштетен скоро цел инвертар Но не и и Иконата од Господ Исус Христос, која била во објектот. Од наша страна иконата е извадена надвор од опожарените делови на објектот. Слава тебе господе… Амин, објавија пожарникарите.
Пожарот за брзо време бил локализиран а потоа и целосно изгаснат. Од објавените фотографии се гледа дека внатрешноста на објектот е речиси целосно изгорена и уништена.