Приложил оштетена лична карта на која се вршени преправки, приведен Косовец на „Блаце“

Несекојдневна ситуација се случила денеска на граничниот премин ,,Блаце”. Имено, Косовец приложил оштетена лична карта на која се вршени преправки.

„Денеска (21.02.2024) во 01.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле У.Г.(33) од Косово поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека истиот приложил оштетена лична карта на која се вршени преправки“, соопшти МВР.

Како што додаваат оттаму, тој бил предаден на полициски службеници од отсекот за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

Претходна вестСноуден: Не можевте да го спасите Навални, но можете Асанж
Следна вестВучиќ: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор