Примени 26 нови пациенти во скопските ковид-центри

Бројот на приеми на пациенти во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 134 слободни места во скопските ковид-центри, соопшти денеска Министерството за здравство.

-Се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 331 лице сомнителни и потврдени за ЦОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на Очната клиника и на ОРЛ. Во ковид-центарот на Кожната клиника биле примени четворица болни и тројца се хоспитализирани на Клиниката за неврологија. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало девет нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани седум болни.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 19 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 18 пациенти, на Клиниката за очни болести девет пациенти, а на ОРЛ 7 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 18 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 91 болен, на Клиниката за инфективни болести лежат 130 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент.

Претходна вестПроф. Маркоски: Некој некого лаже и подметнува нови реформи во образованието за да ги прикрие недостатоците во работата во МОН
Следна вестПретседателот на МАНУ: Единствена цел на реформите е да се избрише предметот историја