Видео снимка направена синоќа во ноќен клуб во центарот на Кавадарци, на која е снимена тепачка помеѓу две лица, се споделува на социјалните мрежи. Во јавноста се тврди дека се работи за директори на основни училишта од Кавадарци. Според созанијата, двете лица биле под дејство на алкохол а го нападнале и обезбедување на клубот од центарот на Кавадарци.
Лицата биле приведени од страна на полицијата заради нарушување на јавниот ред и мир.
Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за ,,Фокус” вели дека по информациите добиени од МВР во врска со настанот, во понеделник ќе преземе чекори, односно директорите на училиштата ќе бидат разрешени од функција.
-Нема толеранција ниту пак оправдување за однесувањето на двете лица, оправдани се сите реакции на граѓаните кои бараат нивно разрешување од функција. Тоа ќе се случи во понеделник – изјави Јанчев.
Неофицијално, станува збор за директорот на ОУ „Димката Ангелов – Габерот“, Г.Г. и директорот на ОУ „Тошо Велков- Пепето“, С. П.