Принцот Хари пристигна во Лондон за да биде во близина на својот татко

Принцот Хари, војводата од Сасекс, и помладиот син на кралот Чарлс Трети, итно пристигнал од Америка во Велика Британија за да биде со својот татко, кому му беше дијагностициран рак.

За потсетување, вчера Бакингемската палата соопшти дека на кралот Чарлс му е дијагностициран рак, но не е прецизирано од кој рак боледува кралот.

Според извори блиски до семејството, кралот Чарлс лично ги известил своите синови Вилијам и Хари дека е болен, како и неговата сестра и браќата, пред светската јавност да стане дознае за болеста.

Хари откако дознал дека татко му е болен, синоќа итно организирал патување и полетал од Лос Анџелес, а сега веќе пристигнал во Лондон.

Војводата од Сасекс денеска пристигнал во Лондон околу ручек, а наводно веднаш тргнал да го види својот татко, кој моментално се наоѓа во Кларенс Хаус.

Извор близок до принцот Хари потврдил дека Хари лично разговарал со својот татко за страшната дијагноза и дека веднаш било одлучено тој да отпатува во Велика Британија за да се види со неговото височество.

Хари, изгледа, пристигнал сам во Лондон, а неговата сопруга Меган Маркл останала со нивните две деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет во Америка.

Со оглед на тоа дека принцот Хари се „преселил“ од Америка за да се види со својот татко, се верува дека тие двајца конечно ќе бидат заедно по години многу ладни односи.

Според Хари, Чарлс ги молел своите синови за време на напната средба по погребот на војводата од Единбург.

„Ве молам, момци. Не ми ги загорчувајте последните години“, наводно рекол кралот.

Претходна вестГолема донација на Европската Унија за скопската Итна помош – ќе и донира седум амбулантни возила
Следна вестПерсоналот на аеродромите во Франкфурт и Минхен започна со штрајк