Притвор за пет лица поради фалсификување пари

Завчера во село Ранковце лишени од слобода се А.А. (31) од Скопје, И.М. (23) од Крива Паланка, Д.С. од Скопје, М.А. (24) од Скопје и З.Р. од страна на Отсекот за економски криминал при СВР Куманово.

-Тие се сомничат дека извршиле кривично дело “Фалсификување пари” предвидено и казниво по член 268 од Кривичниот законик така што во месец февруари стапиле во контакт со лице од Скопје кое им понудило фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и за сума од 18 000 денари од истиот купиле 9 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра. Истите во месеците февруари и март во пет наврати во Куманово и Крива Паланка купувале производи од различни правни субјекти, по што се стекнале со противправна имотна корист од 500 евра, соопшти МВР.

Лицата се лишени од слобода во полициска станица каде комплетно е документиран кривично-правниот настан и поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка на сите 5 лица им е определен 30 дневен притвор.

Претходна вестНе давам совети, не сакам никого да заглавам
Следна вестГолем пожар го зафати охридскиот градски пазар