Голем пожар го зафати охридскиот градски пазар

Изутрина околу 4 часот голем пожар го зафати дел од охридскиот градски пазар, објави порталот Охридскај.

Во информацијата се наведува дека пожарот избуванал во кафе барот кој е во сопственост на јавниот правобранител на РСМ Агрон Речи.

-Од пожарот биле зафатени и соседните деловни објекти. Во моментов големи полициски сили и јавни обвинители вршат увид на местото на настанот, се наведува во веста.

Фото:Принтскрин од видеото на Охридскај

 

Претходна вестПритвор за пет лица поради фалсификување пари
Следна вестАвтобус дивееше на автопатот Скопје – Тетово, возеше пребрзо, менуваше ленти…