Судот им определи Притвор за петмина од уапсените во Грчец. Десет од осомничените се во бегство.
– Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство за 6 лица, кои во текот на ноќта беа спроведени во судот, а поврзани со полициската акција во с. Грчец, донесоа решенија, со кои: прифатен е предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција и на Ш. Б., Ф. Б., Н. И., Ф. С. и С. А. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, за О. П. го прифати предлотог за определување мерки за претпазливост, односно одземање патна исправа и забрана за издавање нова, забрана за напуштање живеалиште, односно престојувалиште, и oбврска за јавување во суд. Воедно, судот го прифати предлогот и определи мерка притвор за 10 лица, кои се опфатени со истрагата, а во моментот не се достапни на органите за прогон и тоа од нивно пронаоѓање, односно лишување од слобода, информираат од Судот.
Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд.