Притворен скопјанец кој полил со бензин и запалил „Голф“ во Сарај

Во притвор е ставен 45-годишен скопјанец откако Основно јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за истражна постапка против него. Тој е осомничен дека подметнал пожар во кој изгорело возилото „Голф 5“ на 10 февруари во скопската општина Сарај.

Тој зел пластична туба со бензин од кој дел истурил врз возилото, а потоа тубата ја ставил под возилото кај совозачката врата. Потоа облекол црни волнени ракавици, ја натопил едната ракавица во бензинот, со запалка ја запалил волнената ракавица и ја фрлил кон бензинот што истекувал. На тој начин предизвикал пожар кој се распламтел и го зафатил целиот автомобил. Притоа возилото во целост изгорело и со тоа за оштетениот настапила голема имотна штета во вредност од 365.000 денари, соопшти денеска ОЈО Скопје.

Претходна вестTретина од Американците не сака да се вакцинира
Следна вестЃорге Иванов сведочеше за 27 април: Небулоза е дека сум сакал да прогласам воена состојба