Приватен авион се судри со автомобил на автопат во Флорида

Приватен авион со кој се превезувале пет патници вчера удрил во возило на автопат на Флорида, предизвикувајќи голема експлозија.

Видеата направени од очевидци на случката ги покажуваат последиците од несреќата, откривајќи како големи пламени јазици излегуваат од малото летало.

На видеоматеријалите објавени на социјалните медиуми може да се забележи и како еден храбар минувач се стрчува кон чадот со намера да им помогне на патниците.

Авионот е од типот „Бомбардиер Челинџер, соопшти Федералната управа за авијација.

Претходно пилотот пријавил дека двата мотори откажале додека се подготвувал за слетување. Засега нема информации за жртви.

Претходна вестДенеска отворен ден во ЈП „Лајка“, повик до граѓаните да вдомат куче
Следна вестСакајте ја Македонија, не понижувајте се пред никого