Приватните превозници од понеделник ќе возат само од 5 до 10 наутро

Од понеделник приватните автобуски превозници нема да сообраќаат во Скопје, во време од 5 до 10 часот наутро ќе ги превезуваат патниците и потоа ќе се вратат во гаражите, ама нема да протестираат.

Според нив не станува збор само за платите, туку и за останатите трошоци кои ги имаат за возење на градските линии во Скопје. Затоа од понеделник наутро повторно ќе се исклучат и градот ќе остане без приватни превозници.

Приватните превозници на ваков чекор се одлучија и пред повеќе од една година кога главниот град го оставија без јавен не возејќи неколку месеци а автобусите во знак на револт им беа паркирани по булеварите. Поради доцнење на плата пред 4 месеци и вработените во ЈСП Скопје два часа ја запреа работата

Претходна вестБрисел одговори на заканите на Хезболах кон Кипар: Закана кон земја членка, е и закана кон Европската Унија
Следна вестДенес истекува рокот за регистрација за изборите за претседател на СДСМ