Приватните специјализанти бараат гаранции дека по изборите ќе го добијат бараното

Приватните лекари-специјализанти ќе штрајкуваат се додека не им се исполнат барањата, а ќе прекинат доколку добијат гаранции дека бараното ќе им биде исполнето во постизборниот период. Ова го порачаа на почетокот на денешниот протест на кој повторно ги истакнаа своите барања – зголемување на надоместот што им се исплаќа во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Тие добиле повик за средба со претставниците на Владата.

-Добивме повик од претставник на министерството дека денеска во 14 часот ќе се одржи средба во Влада,. Mеѓутоа, немаме информација кој се ќе присуствува на истата и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Поради тоа нашиот штрајк преодлжува се додека не добиеме писмена официјална изјава или гаранција дека нашите барања ќе бидат исполнети, рече д-р Христина Илиоска-Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година на денешниот штрајк во кругот на Клинички центар.

Таа рече дека штрајкот ќе трае се до исполнување на нивните барања, а дотогаш тие нема да ги извршуваат работните обврски, нема да се појавуваат на дежурства, да држат амбуланти…

На прашањето дали е реално сега да се направи било што поради тоа што е предизборие и дали би се согласиле на тоа сите барања да им бидат исполнети по изборите, Илиоска-Чешлароска рече дека штрајкот ќе го прекинат ако добијат писмена гаранција и доколку одлуката помине на седница на Влада дека после 8 мај ќе им бидат остварени барањата.

-Со оглед на тоа што ние не сме на колективен договор туку сме со договор на дело мислам дека има простор и може тоа да се реши. Mоже да се повикаат и на Антикорупциската комисија па таа да излезе со став дали смее или не смее во овој момент. Ако од правна гледна точка не е изводливо доколку ни дадат писмена гаранција и помине тоа на Влада за ние да знаеме дека после 8 мај ќе ни бидат остварени овие барања, тогаш ќе го прекинеме штрајкот. Но, доколку тоа не го добиеме, ние продолжуваме затоа што остваривме средби и добивме само празни ветувања, рече Илиоска-Чешлароска.

Претходна вестВо Работнички добар – Димитар Тодоровски, кај Вардар добри – „Комити“
Следна вестКаде останаа заборавени 13,4 милиони евра од градската каса на Скопје?