Лекари приватни-специјализанти и денеска ќе протестираат за да покажат дека не се откажуваат од нивните барања истакнати неодамна. Како што најавија, секој вторник од 11 часот за време на паузата се собираат во паркот кај Интерните клиники во рамките на комплексот „Мајка Тереза“ за ги потсетат надлежните дека нивната состојба останува непроменета.
По неодамнешните неколкудневни протести тие се откажаа од штрајкот и решија да продолжат со работа се до формирање на идната влада.
Од идниот министер ќе бараат да се сретне со нив и да ги реши нивните проблеми. Барањата на приватните специјализанти се трајно решавање на нивниот статус, обезбедување здравствено осигурување и зголемување на платите.