Учество во странска војска е причина за приведување на 24-годишен скопјанец кое вчера го изврши полицијата.
-Приведен е 24-годишниот И.Т., врз основа на информации за сторено кривично дело учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации. На 24-годишникот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена и бил префрлен во затвор, се наведува во информацијата на полицијата.