Приведен Арачиновец кој по полноќ летал дрон во близина на касарната во Аеродром

Вчера по полноќ, на задниот дел од касарната „Гоце Делчев“ во општина Аеродром, полицијата го приведе Р.Р.(53) од Арачиново, со живеалиште во Ирска.

Тој се сомничи дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“ по член 350 од Кривичниот законик, велат од МВР.

Тој бил затекнат од воени лица како лета дрон во близина на касарната.

Претходна вестТрошоците за живот во март повисоки за четири отсто во однос на истиот месец лани
Следна вестВремето денес ќе биде претежно сончево и топло