Времето денес ќе биде претежно сончево и топло

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 22 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево, тивко и топло. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 28 степени.

Продолжува периодот на сончево и топло време со појава на мала до умерена локална облачност. Од четврток ќе дува умерен ветер од северен правец.

Претходна вестПриведен Арачиновец кој по полноќ летал дрон во близина на касарната во Аеродром
Следна вестБез струја делови од општините Карпош и Шуто Оризари