Жител на Арачиново синоќа нападнал полицаец пред угостителски објект во Бутел.
Според информациите, до апсењето дошло кога А.С.(28) физички нападнал полициски службеник кој извршувал службено дејствие. Другите две лица Д.Ш(24) и М.С.(22), двајцата од Скопје, што биле со него, исто така биле приведени во полициска станица затоа што одбиле да се легитимираат. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.