Кривична пријава против вработена во Општина Делчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против вработена во општина Делчево за несовесно работење во службата.

Осомничената Љ.Ѓ.(57) од Делчево, вработена во Општина Делчево, постапила спротивно на Законот за градење, одолговлекувајќи ја постапката по две електронски барања за издавање на Одобрение за градење на фотонапонска централа од страна на инвеститор од Делчево. Имено, таа по одговорот на забелешките од барателот, изготвила решение со кое барањето било одбиено, а истото решение по жалба на барателот било поништено од второстепениот орган. Во повторената постапка, осомничената изготвила Одобрение за градење врз основа на истите прилози и идентична фактичка состојба, кое станало правосилно на 25.08.2022. Со ваквото постапување Љ.Ѓ. нанела штета на инвеститорот во висина 175.485 евра.

Претходна вестПриведен арачиновец за напад на полицаец во Бутел
Следна вестМицкоски: За само 3 дена од 5 до 7 декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра