Мицкоски: За само 3 дена од 5 до 7 декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра

Продолжуваат во владата „хероите” со „херојските дела“ во енергетиката. Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање. За само 3 дена од 5 до 7 декември, ЕСМ ќе увезе струја во вредност од околу 4.200.000€, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„ За само еден месец, од 7 ноември до 7 декември ‘хероите’ во владата увезоа струја за точно 32.955.084€ или за повеќе од 1 милион € на ден. Доколку работеше ЕСМ како што најавуваа ‘хероите’ во владата со трите блока во Битола и едниот блок во Осломеј, или ако трансформаторот во Битола стигнеше како што најавуваа на 1 ноември, овие пари немаше да се потрошат на увоз на струја. Ќе имаше повеќе за студентски оброк, за земјоделците, ќе имаше повеќе за градинки, улици, паркови и училишта.

Наместо да произведуваат, увезуваат за авансни „херојски” провизии. Доаѓа денот на одговорност кога „херојските” авансни провизии ќе ви бидат претешки“, пишува Мицкоски на својот „Фејсбук

Претходна вестКривична пријава против вработена во Општина Делчево
Следна вестЗаврши групната фаза на СП, познати се сите осминафинални двојки