Полициски службеници од СВР Штип синоќа спровеле акција за приведување едно лице. Во близина на селото Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги со полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Г.Т.(38) од с.Долни Балван, општина Карбинци.
Тој бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 259 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување една година и еден месец од казната.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.