Државјанин на Црна Гора е приведен поради нерегулиран престој во Македонија, соопшти полицијата.
-На 18.01.2024 на ул.„Јадранска Магистрала“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје го привеле А.А.(33) од Република Црна Гора затоа што при извршена контрола било констатирано дека немал регулиран престој во државата. Лицето било предадено на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка, информираа од МВР.