Полицијата денеска приведе дваесет и тригодишен дилер на дрога од скопското село Грчец кој бил баран со потерница за издржување на казна затвор. Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.
– На 14.11.2023 во 12.20 часот во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода С.Е. (23) од с.Грчец, скопско, кој бил баран со потерница по наредба на КПУ Затвор Скопје, а во врска со чл.215 од КЗ на РСМ осуден на казна затвор во траење од три години, информираат од МВР.
С.Е. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.