Едно лице вчера било приведено поради сомнение дека извршило кражба на мотоцикл во Скопје, соопшти полицијата.
Во информацијата се наведува дека синоќа во 20.50 часот на ул.„Благоја Стефковски“, полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Д.Т.(24) од Скопје.
-Тој е приведен поради сомнение дека на 05.05.2022 одзел мотоцикл од фирма во индустриска зона „Чојлија“. Во службен разговор со полициски службеници лицето го признало делото, наведуват од МВР.
Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.