Сторител на повеќе тешки кражби на скопското подрачје завчера е приведен од страна на полицијата.
На 01.12.2020 од страна на Единицата за интервентна полиција е лишен од слобода А.Ф.(37) од Скопје, за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, поради сомнение за сторени повеќе кривични дела тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на Гази Баба.
-Од страна на Одделението за криминалистички работи Гази Баба расчистени се 9 кривични дела тешки кражби, во викенд куќи, со материјални докази. Со кривична пријава по брза постапка пријавениот А.Ф. е спроведен на распит пред дежурен Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје. По распитот, А.Ф. е спроведен кај судија на претходна постапка во Кривичниот суд Скопје и по изведените докази нему му е одредена мерка притвор, соопшти денеска МВР.