Приведен малолетник од Мралино, насилно ограбил обложовалница

Малолетник од Мралино е осомничен дека на 30 април годинава со закана одземал пари од вработена во спортска обложувалница во Петровец. Полицијата вчера го лишила од слобода.

– Вчера во 04.30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба лишиле од слобода малолетник од с.Мралино, општина Илинден. Тој се сомничи дека на 30.04.2023 извршил кривично дело „разбојништво” во спортска обложувалница во с.Петровец, при што со закана од вработената одзел пари, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПродолжува сквернавењето на спомениците во Скопје, украдени плочи со ликот на Мајка Тереза
Следна вестЧествувања: Македонскиот јазик е врежан во националната и културната меморија