Приведен маж кој подметнувал пожари во радовишко, го признал делото

Лишен е од слобода маж од радовишко затоа што подметнал пожари, соопшти МВР.

На 30.07.2024 полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Р. од селото Али Коч, Радовишко, затоа што подметнал пожари во близина на селото.

На 30.07.2024 во 12:00 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш е пријавено дека на две места во близина на Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума.

-По преземени мерки и активности, од полициски службеници од ОВР Радовиш утврдено е дека С.Р. ги подметнал пожарите односно сторил кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност“ и кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по чл.227 од КЗ. С.Р. е лишен од слобода и во службен разговор признал дека ги сторил кривичните дела, по што е задржан во ОВР Радовиш, соопшти полицијата.

По документирање на случајот, ОВР Радовиш до надлежното ОЈО Струмица ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Претходна вестВчера имало вкупно 66 пожари, денеска гори на 12 локации
Следна вестСДСМ: Тошковски да биде сменет од Управувачкиот комитет за кризи