Приведен скопјанец кој ги нападнал навивачите на ФК „Левски“

Приведен е скопјанец кој е осомничен дека ги нападнал навивачите на бугарскиот клуб „Левски“ во јули годинава во Скопје, соопшти полицијата.

-Вчера(14.10.2023) околу 08.20 часот на граничниот премин Ќафасан, при влез во РСМ, лишен е од слобода А.Д. (21) од Скопје, кој бил баран со потерница поради основи на сомнение за сторено кривично дело насилство на 27.07.2023 извршено на ул.”Цветан Димов” во Скопје врз навивачи на ФК „Левски“ од Софија, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот до ОЈО Скопје ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестМинистерство за здравство ги одби барањата на Независниот синдикат: Нема можности за нови покачувања
Следна вестПисателите од ДПМ разменуваат тешки зборови: Петрески тврди дека бил под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет, дел од членството бара да замине