Приведен ученик од Скопје поради објава на социјална мрежа со закана по живот кон професори

Полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје вчера привеле 16 годишен малолетник – ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа на содржина со закани по живот кон професори.

Од МВР за МИА информираат дека е известен јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

Претходна вестЗајкова: Забрана на „Тик-Ток“ и други социјални мрежи кои поттикнуваат насилство
Следна вестМалолетник најавил дека ќе убие 30 луѓе – трето апсење по масакрите во Србија