Приведен вевчанецот кој во видео порака се закани дека ќе ги убие Заев и Пендаровски

Полицијата го приведе вевчанецот кој на социјалните мрежи постави видео во кое се заканува дека ќе ги убие премиерот Зоран Заев како и претседателот Стево Пендаровски.

Од полицијата информираат дека тој на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица.

„При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, пронајдени се и одземени лап-топ компјутер и други предмети поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Претходна вестЦаровска ги игнорира или не ги слушнала реакциите на реформата?
Следна вестЈСП „Скопје“ на 6, и 7 јануари ќе вози по неделен возен ред