ЈСП „Скопје“ на 6, и 7 јануари ќе вози по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје, ја информира јавноста дека поради верските празници Бадник и Божик, јавниот автобуски превоз утре, среда (6 јануари) и четврток (7 јануари) ќе се одвива по неделен возен ред.

Утре (6 јануари), дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот ќе биде отворена билетарницата во Ѓорче Петров.

Во четврток (Божик) билетарниците нема да работат.

Претходна вестПриведен вевчанецот кој во видео порака се закани дека ќе ги убие Заев и Пендаровски
Следна вестВо Скопје хоспитализирани 29 нови пациенти, а пуштени се 30, кои оздравеле од коронавирус