Приведен возачот на камионот што пропадна во фонтаната, немал дозвола за движење на плоштадот

Приведен и изведен пред суд е возачот на камионот, што утрово пропадна во подната фонтана на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. Од Град Скопје тврдат дека возилото на приватната компанија чиј камион неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што причинил материјална штета немало дозвола за движење на плоштадот, иако имало поднесено такво барање.

-Возачот, странец, државјанин на Турција е приведен и изведен пред суд. За овој настан МВР ќе поднесе и соодветен поднесок. Град Скопје по извршениот инспекциски увид издаде санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, во спортивно ќе следи прекршочна и кривична пријава, соопштија од Град Скопје.

Ова е четврти по ред случај на пропаѓање на камион е забележан на централниот скопски плоштад „Македонија“.

Последното пропаѓање на едно товарно возило беше при крајот на август кога се поставуваа бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје. Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула. Лани во март пропадна камион за чистење на плочникот на ЈП „Комунална хигиена“. После тоа, плочникот на фонтаната со месеци стоеше отворен и заграден со лента за да не минуваат пешаци.

Површинската фонтана беше изградена во време на ексградоначалникот Коце Трајановски и чинеше 2,5 милиони евра.

Претходна вестНароден правобранител: Дискриминација е лицата постари од 65 години да немаат право на надоместок за попреченост
Следна вестГодишно во Македонија 100 девојки помлади од 20 години абортираат